Барса почна да троши како луда: Доаѓа стопер за 80 милиони евра?

1338

Во обид да најде долгорочна замена за Жерард Пике, Барселона во летниот преоден рок би можела да потроши 80 милиони евра за дефанзивец.

Италијанските медиуми денеска објавија дека во напредна фаза се преговорите со Интер за репрезентативецот на Словачка, Милан Шкринијар. Младиот стопер е еден од подобрите во тимот на “нераѕурите” и за него веќе има неколку понуди. Пике неодамна наполни 31 година и јасно е дека нема уште многу долго да игра, а Барселона на стоперската позиција ги има само уште Умтити, Вермален и Мина.

Ако го продаде Шкринијар, Интер ќе се сврти кон Штефан де Фрај од Лацио.