Барса е луда по премиерлигашите: Порано беше Арсенал, сега е Ливерпул

1602

Трансферот на Филип Кутињо ја потврди интенцијата на Барселона во последните две децении да купува фудбалери од Премиер лигата.

Единствената разлика е во тоа што порано на “каталонците” им беше интересен Арсенал и собра се што беше квалитетно таму, а сега му се “навртеа” на Ливерпул.

Почнувајќи од 2007 година од Емирати на Камп Ноу дојдоа Анри, Фабрегас, Вермален, претходно и Овермарс, Пети, Ван Бронкхорст, Хлеб, Сонг и Силвињо.

Приматот во последните шест-седум сезони го презеде Ливерпул. Почна со Хавиер Маскерано, потоа дојде Луис Суарез за сега да пристигне и Кутињо. Интересно е тоа што од сите овие фудбалери, на Камп Ноу не се снајдоа само Пети, Хлеб и Сонг, сите други оставија длабоки траги во каталонскиот клуб.