Барди е нов играч на Леванте: Нов чекор во мојата кариера, остварување на еден сон

1352

Леванте денеска го официјализираше трансферо на младиот и перспективен Енис Барди, македонскиот фудбалер кој ветува многу за во иднина.

Барди денеска ги мина лекарските прегледи и потпиша договор на 3 сезони со овој фудбалски клуб од Шпанија, и по сите церемонии, тој го изнесе својот став и импресија од доаѓањето во споменатиот клуб.

Мојот сон беше да играм во Шпанија. Сакам да испратам благодарност до мојот поранешен клуб, Ујпешт, таму минав три одлични години во Унгарија. Тие моменти нема никогаш да ги заборавам. Леванте е нов предизвик за мене, нова страница во мојата кариера“, истакна Барди по потпишувањето на договорот.

Финансиски детали околу трансферот на Барди од Ујпешт во Леванте не се познати, а во следните денови, веројатно утре, треба да се знае кој број ќе го носи Барди на дресот.