Балканскиот хумор на дело: Роналдо правеше интервју во живо, а му нудеа Голф, ќумур, кајмак…

1188

Ѕвездата на Реал Мадрид и португалската репрезентација Кристијано Роналдо е познат по својата интеракција со фановите и активностите на социјалните мрежи.

Неговата активност е особено изразена на социјалната мрежа Инстаграм каде Португалецот често одговара во живо на прашањата на навивачите.

Досетливите Балканци го искористија тоа за да „заработат“ и со шега да привлечат внимание. Па така, преку социјалните мрежи нудат се што ќе им падне на памет.

Така, најдобриот фудбалер на светот доби многубројни понуди. Балканците му нудат Голф 1 за само 150 евра, а во понудата се најдоа уште и ќумур, кајмак и останати производи.