Балиќ воодушевен од Циндриќ: Самиот за себе е класа, мора подобро да го следат

1399

Легендата на хрватскиот ракомет, Ивано Балиќ вчера од гледалиштете на „Спаладиум“ Арена уживаше во блескавата игра и големата победа на „коцкестите“ против Србија.

По мечот Балиќ имаше пофални зборови за еден ракоматар, а тоа е вардарецот Циндриќ

„Лука е класа самиот за себе, мислам дека другите морат подобро да го следат. Што се однесува до мечот, тензиите сега се многу помали во однос на некогаш. Што се пак однесува до победата, таа е доволна сама за себе и сега треба да се свртиме напред кон новите предизвици“, изјави Балиќ.

Циндриќ синоќешниот меч го заврши со максимален ефект од 4 гола од исто толку обиди кон противничкиот гол.