Бабунски ја отвори душата: Многу ми ветија, ништо не исполнија, но сепак благодарам!

3297

Македонската фудбалска надеж Давид Бабунски и официјално заминува од Црвена Звезда, само не е познато која ќе биде неговата следна дестинација.

На изненадување на повеќето во белградскиот клуб, Македонецот реши да замине, и го објасни тоа вечерва на социјалните мрежи, каде детално објасни како ја донел одлуката за напуштање на најтрофејниот клуб во Србија.

Овој клуб беше идеално место за моето афирмирање како играч, сакав да го развивам мојот фудбалски потенцијал и да дадам важен скок во мојата кариера. Клубот ми понуди добар спортски проект и поддршка за да се реализира тоа. Ми рекоа дека ќе бидам замена за Грујиќ, и доста важен играч за клубот. Но како што се гледа, не го одржаа зборот, трпеливо чекав 10 месеци без да игра, без плата и без ниту една направена недисциплинска мерка од моја страна. Тренирав професионално и никогаш не сторив ова или она, нешто што ќе ја загрози почитта кон мене“.

Но дојде ден да реагирам. Бев на состанок со челниците на клубот, каде им објаснив за мојата ситуација. Искрено им реков дека сум среќен што дојдов овде, во овој спектакуларен клуб и град, во кој се заљубив од првиот момент. Но гледам дека не напредувам фудбалски, и дека го губам времето чекајки. Од сите играчи кои дојдоа овие 10 месеци, мислам дека сум единствен кој не доби вистинска шанса да заигра. Благодарем сум на сите во клубот, со тренерот немам нарушени односи. Гроф е добра личност и малку зборува со играчите. Кога го прашав за мојата мала минутажа, тој секогаш ќе ми речеше, добро е, задоволен сум од твојата работа, и ќе ти дадам набрзо шанса. Го прашав дали тоа ќе значи неколку натпревари во континуитет или само последните 15 минути, ми рече дека ќе има континуитет“.

Ако на тие 3 натпревари и нешто ситно од други натпревари, морав да направам нешто спектакуларно како што е да се предрибла 3-4 играчи, и да се даде гол или асистенција, тогаш немам што да кажам. Тогаш сето мое време кое го минав овде, е фијаско. Многу други играчи покажаа помалку од очекуваното, но тие добија 10 до 15 натпревари. Јас дури ни после добрите игри, не бев на клупа. Причина? Незнам! Последниот натпревар по паузата, повика 17 играчи, а мене не. Јасен знак дека требаше да заминам. Не можам да го обвинам тренерот, тој има свои идеи, освои титула и на добар пат е да ја одбрани. Но кога еднаш ми рече пред натпреварот, „Бабунски, немој тоа твоето како Чави, Иниеста или Меси,“, разбрав дека мојот начин на игра не се поклопува со неговиот“, напиша меѓу останатото Бабунски на социјалните мрежи.

loading...