Аudi најиновативен бренд на Automotive Innovations Award 2017

119

 Audi го освои жирито со 84 нови иновации, а за успехот првиот човек на брендот Руперт Штадлер истакна: „Оваа награда покажува дека овозможуваме производи водени од технологијата кои им користат на нашите клиенти”

Втор пат по ред, Audi триумфира на „Automotive Innovations“ наградите за автомобилски иновации во категоријата производител на премиум автомобили. Со тоа брендот со четири прстени уште еднаш ја покажа својата флексибилност и иновативна сила во најважните сегменти како што се аеродинамиката, лесната конструкција, поврзувањето и самостојно управување.

„Со вкупно 84 нови подобрувања во период на тестирањето, Audi покажа најмногу иновации во однос на останатите автомобилски производители и затоа е прогласен за најиновативен бренд.” наведе жирито во своето образложение на одлуката.

Четири области беа вклучени во евалуацијата: автомобилските системи за возење, автономно возење и безбедност, концепт возило, каросерија и поврзување. Покрај тоа, Audi освои две дополнителни награди за најиновативен бренд во последните две одделни категории.

„Овие награди покажуваат дека нудиме производи водени од технологијата која им користи на нашите клиенти, особено кога станува збор за прашања поврзани со иновациите во автомобилската индустрија”, изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор во AUDI AG, на церемонијата за доделување на наградите во Франкфурт и додаде: „Особено во аеродинамиката, лесна конструкција, поврзувањето и системите за помош на возачот, ние сме пред останатите и работиме напорно да ја задржиме нашата конкурентна предност.”

Наградите за иновации во автомобилската индустрија беа доделени по петти пат. Со овие награди им се оддава признание на најиновативните производители и добавувачи.

Во конкуренција за наградата влегоа над 1.162 иновации од 19 автомобилски производители и 60 брендови.