Ајтекин со честитки од германската федерација за арбитражата на мечот Барса – ПСЖ

4147

Главна тематика ноќеска по натпреварот Барселона – ПСЖ беше евентуалната пристрасност на германскиот судија Дениз Ајтекин, кој според многумина фанови,и помогнал на Барселона.

Но денес германската фудбалска федерација го пофали овој судија за извонредната арбитража, сметајки дека бил разум на теренот, и не дозволил влијание на играчите од двете екипи, туку професионално и до крај си ја завршил задачата.

Главна причина поради која многумина му замеруваат, е тоа што на Барселона и беа досудени два пенали, од кои еден од нив беше прилично спорен со минимален контакт, но Барселона тие ги реализираше и гледавме сите еден неверојатен натпревар.

Дури и дел од медиумите ноќеска пишуваа дека Ајтекин не бил на висина на задачата, но сепак оценките кои доаѓаат од кредибилниот избор, од германската федерација, ја оправдуваат арбитражата на споменатиот судија.

Најгласни околу судењето ноќеска беа навивачите на Реал, кои сметаат дека Барселона не аслужила пласман понатаму, и дека била поттурната од судијата.