Ајде Вардарки, вие го можете тоа! Ѓер мора да падне во финалето!

3351

По големиот успех на ракометарките на Вардар во вчерашната полуфинална средба против ЧСМ Букурешт и победата од 38:33, денес на ред е најголемиот предизвик во клупската историја на Вардарки, финалето против моќниот Ѓер.

Унгарската екипа во полуфиналето лесно го елиминира Будуќност од Црна Гора, и си закажа средба со девојките на Дибирова, која сезонава Вардарки ги дотурка до финалето, иако на клупата на ЖРК Вардар седна прилично доцна во сезоната.

Вчерашниот натпревар за Вардарки беше маестрален и фуриозен, па сите се надеваме дека Вардар денеска со таква игра ќе ја обезбеди првата европска титула во ЛШ.

Вардарки имаат квалитетни ракометарки на секоја позиција, и тоа Ѓер го знае, па веројатно по анализата на вчерашниот натпревар на Вардарки, и унгарскиот претставник ќе влезе внимателно во битката за големиот трофеј денеска.

Ова е зрела генерација на ракометарки кои настапуваат во дресот на Вардар, и можеби ова е годината во која „црвено-црното“ семејство ќе биде потешко за уште еден голем трофеј.

Натпреварот е денеска со почеток од 19:45 Часот.