Ајакс со понуда за заборавениот напаѓач на Барселона

1516

Мунир ел Хадади, младиот напаѓач на Барселона кој минатата сезона беше на позајмица во Валенсија сега е во фокусот на најголемиот холандски клуб.

Мунир тешко ќе се наметне во конкуренција на Меси, Суаерез и Нејмар па нема да биде изненадување ако ова лето биде продаден.

Ајакс нуди 14 милиони аевра за трансфер, но не е единствен клуб кој го има на радарот овој фудбалер.

Интерес за Мароканецот покажаа и Вест Хем, Олимпик Марсеј и Олимпик Лион, па се очекува нивниот одговор на понудата на Ајакс.