Атрактивната одбојкарка доживеа хорор повреда по која се слушаа врисоци (Видео)

6168

Во рамките на турската женска одбојкарска лига, на мечот помеѓу екипите на Фенербахче и Екзацибаши, победија гостите со резултат 3:1.

Расположението во победничката екипа падна во втор план по ужасната повреда на бразилската атрактивна одбојкарка, Таиса Менезес.

29 годишната одбојкарка од Бразил доживеа стравична повреда и целосно превиткување на нејзината десна нога, а откако тоа го увидоа и останатите одбојкарки на двете екипи, се фатија за глави, не сакајки да ја гледаат таа ситуација, и плачењето на Бразилката.

Двократната олимписка шампионка ја скрши својата нога, и сега и претстои долг пат до опоравувањето.

loading...