Атомски ракомет на Вардар во ЛШ: Кристијанштад се загуби во Скопје

348

РК Вардар уште еднаш докажа и покажа зошто го носи епитетот европски владетел во ракомет, откако вечерва во Скопје го прегази Кристијанштад, во резултат кој „црвено-црните“ го добија со резултат 31:15.

Доминацијата на Вардар беше воспоставена уште во првиот дел, каде од минута во минута разликата беше надоградувана.

Навивачите добија уште една награда за исцрпното навивање со вечерашниот триумф. Вардар уште на полувреме ја најави победата, кога на пауза заминаа со предност (14:8).

Во вториот дел Вардар наметна уште посилен интензитет на мечот и Кристијанштад се загуби во скопскиот пекол. Вториот дел беше отворен со серија од 10:1, што најдобро сведочи за атомскиот фудбал кој Вардар го игра во Европа.

Треба да се напомене и фантастичното издание на Арпад Штербик, кој веројатно беше најдобриот поединец во редовите на Вардар вечерва.

По овој натпревар станува јасно дека Вардар зимава ќе ја мине непоразен, што е уште еден јасен показател за силината на составот со кој располага Раул Гонзалес.

Дибиров беше најефикасен кај Вардарци со 7 голови, додека Арпад Штербик запиша големи 18 одбрани.