Атак на првото место: Федерер се враќа на турнирите на земја!

463

Најдобриот тенисер во историјата Роџер Федерер идната сезона ќе настапува и на турнирите на земјена подлога.

Тоа го објави Клаудио Мецадри, поранешен швајцарски тенисер чиј најдобр пласман во кариерата бил 26. место на АТП листата.

“Неколку пати се видовме во Базел и можам да кажам дека е многу среќен. Ќе игра уште неколку години затоа што програмата ја прави одлично. Ми рече дека планира во новата сезона да игра и на земја, но треба да се навикнеме да го гледаме на се помалку турнири”, изјави Мецадри.

Многумина ова го окарактеризираа како атак на првото место на АТП листата бидејќи во 2017 година Федерер не заигра на ниеден турнир на земја и евентуалниот настап во новата сезона би му донело чисти бодови. За разлика од него, Надал играше добро на турнири на сите подлоги и нема простор за напредок.