Арсенла повторно на шопинг кај Лион, го соборува клупскиот рекорд за трансфер

547

Арсен Венгер, летово на „Емирати“ од редовите на француски Лион го донесе одличниот напаѓач, Александар Лаказен, а зимово има намера да купи уште едно засилување од истиот клуб.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал има сериозни намери да се засили со 24-годишниот напаѓач на Лион, Набил Фекир.

Овој напаѓач сезонава во дресот на Лион игра одлично откако во досегашниот дел од сезоната забележа 11 гола и 4 асистенции.

Арсенал се надева дека работата ќе ја заврши уште во јануари, а за Фекир на Лион ќе биде испратена понуда од 67 милиони евра, што ќе биде соборување на клупскиот рекорд. За потсетување, најскапиот трансфер на „тобџиите“ засега е оној на Лаказе за 58 милиони евра.