Арсенал нема да игра ЛШ, а веднаш доби „трол“ од Лига Европа

5216

По големата неизвесност во Премиерлигата, со победите на Ливерпул против Мидлсброу и на Сити кај Ватфорд, тимот кој излезе како најголем губитник е Арсенал.

Тимот предводен од Арсен Венгер, следната сезона нема да биде дел од ЛШ, и по цели 20 години ја прекинуваат традицијата играјки во најквалитетното клупско фудбалско првенство.

Арсенал следната сезона ќе игра во Лига Европа, што за нив ќе биде прилично чудно, бидејки немале таква ситуација во последните две децении.

Веднаш по утврдувањето дека Сити и Ливерпул се последните патници во Лига на шампиони, УЕФА Лига Европа, им посака саркастично добредојде на Арсенал, што за нивните фанови ќе биде прилично горко добредојде.

Добредојдовте Арсенал, се гледаме следната сезона“.