Аргентинска врела крв: Седум години немаа титула, а по поенот за трофеј, се случи спектакл (Видео)

680

Одбојката е навистина убав спорт, но сигурно дека е во сенка на поразвиените спортови, фудбал, кошарка, ракомет и тенис.

Во Аргентина познато е дека имаат „врела крв“ и на каков натпревар и да се наоѓате, секогаш може да бидете сведоци на спектакл.

Такво нешто се случи на вечерашниот натпревар од одбојкарското првенство на Аргентина, помеѓу екипите на Персонал Боливар и големиот ривал УПЦН.

Имено, Боливар по седум долги години чекање и пауза, конечно освои титула во домашното првенство, а дека аргентинските фанови се фантастични, покажува и нивната реакција откако го освоија последниот поен на мечот, кој практично значеше и титула.