Анчелоти ја повика УЕФА пред ЛШ финалето: Поради неправдата кон Баерн, мора ова да се стори..

5543

Стратегот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, ја повика европската фудбалска куќа на фудбалот (УЕФА), да воведе што побргу видео технологија, како помош за судиите во ЛШ и Лига Европа, повторувајки како тоа неговата екипа поради грешките на судиите биле неправедно елиминирани од Реал во полуфиналето во ЛШ.

Анчелоти кој беше тренер на Реал од 2013 до 2015 година, и во Јувентус од 1999 до 2001 година, истакна дека со големо внимание ќе го следи финалето на 3. јуни помеѓу двете негови поранешни екипи.

Постојат добри и помалку добри судии. Секој греши, но тоа не смее да се повторува и случува во ЛШ. Во полуфиналето Баерн доживеа голема неправда. Во историјата ќе се запише дека Реал го победил Баерн Минхен, но она што се случи во Мадрид, ќе го види цел свет. Потребно е да се воведе видео технологија“.

За кого ќе навивам? За оној тим кој ќе игра подобро во финалето. Буфон ми е некако совршен, а во Реал, не е само Роналдо, тука се Рамос, Марсело, Бензема и многу други“, нагласи Анчелоти.

На Анчелоти во првата сезона со Баерн Минхен, многу пати му беше замерено на тоа дека ја гуши играта на Баварците, и дека ова не е оној стариот Баерн со Гвардиола, која ги газеше сите помали екипи со 5 или 6 голови.