Анчелоти е невиден цар – го надмудри Реал кој со Хамес загуби 40 милиони

5536

Баварците денеска го потврдија договорот со Реал Мадрид, за нивниот фудбалер Хамес Родригез, кој доаѓа на двосезонска позајмица во Бундеслигата.

Колумбиецот посакуваше перманентен трансфер надвор од Мадрид, но тоа не му успеа, па две сезони ќе биде како на пробен рок, на позајмица во Германија.

Баерн се согласи на Реал да му исплати 10 милиони евра за две сезони, со можност по 2019 година да го откупат неговиот договор за вкупни 36.2 милиони евра.

Може да се констатира дека Хамес ќе им излезе многу евтино, далеку поевтино од тоа што претходно се најавуваше.

По добивањето на зелено светло за префрлање во Баерн Минхен, агентот на самиот играч потврдил дека едиствена екипа која овој период за Родригез бил заинтересиран, бил само Баерн Минхен, и дека вестите за наводната заинтересираност на Манчестер Јунајтед биле лаги за медиумите.

Родригез беше купен за 80 милиони евра од Монако 2014 година, а сега Реал го продава скоро на половина од тоа.