Антиќ со Фенербахче ќе ја напаѓа европската круна против Олимпијакос

761

Фенербахче е вториот финалист во Евролигата, откако вечерва во доминантно издание го победија Реал Мадрид со 84:75.

Натпреварот тргна фуриозно за избраниците на Жељко Обрадовиќ, кои првиот дел го добија со 21:13. Офанзивата на Фенербахче продолжи и во вторите 10 минути, кои ги добија со 23:21.

Темпото на добра игра Фенербахче го продолжи и во третата четвртина, која исто така ја доби со 19:16, па на Реал Мадрид не им преостана ништо друго освен да се обидат во последните 10 минути да сторат нешто повеќе.

Со поагресивна игра, Реал предводен од Серхио Љуљ успеа да намали дел од разликата, и со добиената последна четвртина (21:25), само го ублажи поразот кој на крајот изнесува -9 (84:75).

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ не доби шанса за настап на полуфиналната средба вечерва, но затоа можеби тоа задоволство ќе го има во финалето против Олимпијакос, неговиот поранешен тим, кој всушност и го посакуваше во финале.

Удох беше најефикасен вечерва за Фенербахче со 18 поени, додека кај Реал очекувано најдобар беше Љуљ со 28 поени.