Антиќ: По успехот со Македонија на ЕП во Литванија ми се промени кариерата

571

Долгогодишниот наш репрезентативец и поранешен капитен на македонската кошаркарска реппрезентација, Перо Антиќ во едно новогодишно интервју за српските медиуми откри каде се случил пресвртот во неговата кариера и на што се должи истиот.

„После Европското првенство во 2011 година кога со мојата Македонија влеговме во полуфинале, потпишав договор со Мишко Ражнатовиќ и тогаш ми се промени кариерата. Одбравме и помал договор од она што тогаш ми го нудеа и отидов во Олимпијакос кај Дуда Ивковиќ. А кога ќе ја поминше школата на Дуда, а потоа и на Желјо Обрадовиќ, е тогаш си веќе сериозен играч и потоа те барат големите клубови“, изјави Антиќ.

Актуелниот кошаркар на Црвена Звезда открива дека како помлад и тоа како бил проблематично момче.

„Во лудите години бев проблематичен. Бев навистина проблематичен, ми беше забавно да работам некои глупости на тренинг. Сега не би бил тој Перо Антиќ. Имав среќа да се зае*ам, па научив нешто“, надополнува Антиќ.