Антиќ и Фенербахче на прием кај Ердоган (ВИДЕО)

602

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со остатокот од тимот на Фенербахче беше примен од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Приемот беше организиран по повод освојувањето на титулата во Евролигата, а Фенербахче стана прв турски тим во историјата со пехарот од ова натпреварување. Кошаркарите и стручниот штаб се задржале кај претседателот околу 45 минути, а тој на подарок од нив доби дрес и шампионска маичка потпишана од сите играчи.

loading...