Антиќ и Звезда го „прегазија“ Партизан

348

Иако Партизан беше домаќин, Црвена Звезда покажа дека уште доминира во однос на градскиот ривал и оствари убедлив триумф со 100:84. Четирите победи во низа го зголемија оптимизмот во редовите на “црно-белите”, но излезе дека сето тоа е без основа.

Наспроти големата желба на кошаркарите, Партизан беше рамноправен ривал само во првите седум минути кога резултатот беше 18:17 за Звезда. До крајот на првата четвртина гостите се одлепија на пет разлика (26:21), а во вториот отидоа на двоцифрена позитива.

Последниот притисок Партизан го направи кон средината на втората четвртина кога се доближи на 38:42. Следуваше серија на Звезда од 11:4 за водство од 53:42 на полувреме по што стана јасно кој е победник на овој меч.

Во второто полувреме Партизан не се доближи на помалку од шест поени негатива (70:76), но дури и тогаш кошаркарите на Звезда не ги фати паника, туку продолжија со својата игра. Фантастично функционираше шутот, “црвено-белите” погодија 14 тројки, а посебна приказна беше Милко Бјелица.

Црногорскиот репрезентативец постигна 29 поени со одличен шут од игра (7/8 за два, 3/4 за три, 6/6 од линијата за слободни фрлања). Особено се истакна кон крајот на третата до средината на последната четвртина кога постигна 18 поени за кои Партизан немаше одговор.

На ниво беше и Перо Антиќ кој заврши со 13 поени иако за тројка погоди само три од девет обиди, а за два воопшто не беше прецизен.