Антиќ: Изгледавме лошо против ЦСКА, не го одработивме договореното

225

Центарот на Црвена Звезда Перо Антиќ, по поразот од ЦСКА вечерва во Белград, потенцираше дека сите заедно и колективно, одиграле лош натпревар, но дека тоа е и школо кое мора некои млади играчи да го минат.

Црвена Звезда загуби со 85:59, а Антиќ по мечот прокоментира за поразот и им честиташе на ривалите од Москва.

Резултатот најдобро покажува дека одигравме лошо, им честитам на ЦСКА, тие покажаа дека се еден од најдобрите тимови во Европа. Влеговме во нивни ритам, но не го остваривме тоа што го договаравме на тренинзите. Имаме многу што да одработиме, и би сакал да се извлече некоја поука од овој пораз“.

Лошо изгледавме на терен, требаше да го работиме тоа што беше договорено, не само на тренинг, тоа требаше да го преточиме во натпреварот. Мора да се бориме од почетокот. Знам дека имаме млад тим, но мора да ја продолжиме борбата“, истакна Антиќ.