Антиќ знае да биде духовит: Поради проблемот во Звезда, мора да одам на психијатар

667

Миленикот на „Делије“, македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој по долги години кошаркарско „лутање“ по Европа, повторно се врати на старото место, каде го посакуваа.

Тој со Црвена Ѕвезда синоќа остварија голема победа против Макаби, а по натпреварот беше расположен за шегување и изјави.

Антиќ исто така истакна дека не би сакал да го коментира судењето на судиите на оваа средба, бидејки ќе каже нешто што не е потребно.

Нема да ги коментирам судиите. Не знам дали имаат некои казни…. Ние продолжуваме да се бориме и да ја играме нашата игра, а јас како најискусен морам да ги занемарам таквите работи“.

Антиќ на последните неколку мечеви, добива намерни изнудени грешки, па имаше интересен одговор на тоа.

Треба да одам кај психијатар, секако во жарот се прават грешки, така да ќе гледам да го поправам тоа“, се насмеа Перо Антиќ.