Антиќ е играч на месецот во Ц. Звезда, но порача: Оваа награда припаѓа на Бјелица или Рочести

499

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој се врати сезонава во Црвена Звезда, го доби и првото признание.

Во гласањето на навивачите, е избран за играч на месец октомври. Во овој период на натпреварите на кои што настапи, Антиќ имаше просек од 9,2 поени и 3,9 скока.

Откако го доби признаниет, Антиќ се заблагодарни, но порача дека оваа награда сепак припаѓа на некој од Бјелица или Рочести.