Антиќ: Го подучував Богдановиќ некои НБА финти, но не му наплатив

716

Македонскиот кошаркар и член на Црвена Звезда, Перо Антиќ, во интервјуи за српските медиуми, истакна дека се радува кога го гледа кошаркарот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ како користи некои негови финти кои попатно му ги откривал.

Богдановиќ на почеток од НБА сезоната добро се снаоѓа во новата средина, евидентно дека минутажата му расте од меч во меч, го подига процентот на шутот, но дека треба да напредува етапно според Антиќ.

Но Антиќ сега открива дека е среќен што Богдан употребува дел од неговите финти во НБА лигата.

Работевме на повеќе потези две години. Мило ми е што го употреби потегот на последниот меч. Воопшто не му наплатив за тие финти“, се насмевна Антиќ.

Овие двајца кошаркари беа соиграчи во Фенербахче, со кој ја освоија Евролигата, пред Антиќ да се пресели во Црвена Звезда а Богдановиќ во Калифорнија.