Англичаните издоминираа во групната фаза, но за нив тоа ќе биде ноќна мора: Ова е проекцијата за осминафиналето!

3705

Неверојатно, но за првпат во историјата од Лигата на шампионите се случува една земја или едно првенство да има пет претставници во нокаут фазата од најелитното клупско фудбалско натпреварување на Стариот континент.

Англичаните издоминираа во групната фаза, сите пет претставници минаа понатаму, а дури четири од нив беа победници во своите групи. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем како првопласирани одат понатаму. Челзи имаше своја шанса, но не успеа да го победи Атлетико во последното коло, па така најверојатно во осминафиналето ќе игра против Барселона.

Зошто?

Причината е едноставна. Во осминафиналето не можат да играат екипи од иста земја, ниту пак екипи кои веќе играле меѓусебе во групната фаза. Со оглед на тоа дека Челзи е единствен англиски клуб кој е во вториот шешир во пресрет на ждрепката бидејќи заврши како второпласиран во својата група, а дури четири англиски клубови се во првиот шешир, автоматски четири противници се исклучени за „Сините“ од „Стемфорд Бриџ“. Кога на тоа ќе се додаде и Рома која играше со нив во групата, тогаш Челзи за потенцијални противници може да ги добие само ПСЖ, Барса или Бешикташ, а со оглед на тоа дека и Севиља е во вториот шешир, тогаш најверојатен пар во осминафиналето е Челзи – Барселона. Верувале или не, шансите за Челзи да игра против Барса се дури 44 проценти!

Ако ги гледаме останатите веројатности, тогаш англиските клубови се во голем проблем. Ќе гледаме големи дерби натпревари во осминафиналето, а во тие дерби натпревари ќе бидат тимовите од Премиер лигата.

Да почнеме со Манчестер Сити. „Граѓаните“ најголеми шанси во осминафиналето имаат да играат против Јувентус, Реал Мадрид или Севиља, односно над 18%. Апсолутно истата ситуација е и со Манчестер Јунајтед. Ливерпул најголеми шанси има да игра против Реал Мадрид и Јувентус, процентот е ист. Помали се нивните шанси да играат против Баерн, Порто, Шахтјор или Базел.

Тотенхем исто така има најголеми шанси да игра против Јувентус или Севиља.

Проблем за англиските тимови е и тоа што сето ова доаѓа по исклучително згуснат распоред во Премиер лигата.

Ова е проекцијата на осминафиналето според веројатноста и процентите:

Барселона – Челзи (44%)
ПСЖ – Реал Мадрид (12,8%)
Манчестер сити – Базел (15%)
Манчестер јунајтед – Јувентус (18,3%)
Тотенхем – Севиља (18,8%)
Ливерпул – Баерн (15%)
Рома – Порто (15%)
Бешикташ – Шахтјор (11%).