АМС со контроверзни номинации за „спортист на годината“ – Им ги нема најдобрите

862

Како и секоја година, Агенцијата за млади и спорт избира спортист на годината, а во овој избор, ги нема едни од најдобрите наши интернационалци, кошаркарот Перо Антиќ и Кире Лазаров.

Јавноста во Македонија денеска се згроси од она што го виде од понудата на АМС за избор на спортист на годината, сметајки дека неправедно се изоставени од оваа листа Кире Лазаров и Перо Антиќ.

Антиќ имаше перфектна сезона со Фенербахче, тој се закити со нова Евролига круна, кој подоцна се пресели во Црвена Звезда, додека Кире Лазаров беше во фајнал-фор со Барселона во ЛШ, за подоцна да премине во Нант.

Кире Лазаров во 2017 година беше и најдобар стрелец на СП во Франција, што значително треба да го прави голем во очите на домашната јавност, но тоа не е случај годинава, каде Кире е изоставен.

Згора на се тоа, во изборот за најдобар тренер на годината, случајно или намерно го нема и Илија Темелковски, кој имаше успешно СП во Алжир со дамите ракометарки, кои беа шесто пласирани.

За спортисти на годината се номинирани Енис Барди, Димитар Ѓорѓиев, Стојанче Стоилов, Берат Јакупи и Евгени Поп Ацев.

За категоријата најдобар млад спортист, место на листата има за Филип Кузмановски, Елиф Елмас, Берна Шерифовска, Симона Симовска, Петар Заборски и Сара Радичевска.