Американците од Шкупи во Слобода

293

Екипата на Шкупи остана без најдобрите кошаркари откако интернационалците од САД одлучија да го напуштат Чаир и да си заминат од Македонија.

Таи Хeрис и Жозеп Тејлор кариерата ја продолжуваат во Босна и Херцеговина каде што потпишаа за екипата на Слобода.

Хeрис во првиот дел од сезоната во Македонија на 11 меча имаше просек од 19.8 поени, 4.3 скока и 5 асистенции, додека Тејлор на ист број дуели оствари просек од 20.6 поении и 12,3 скока по меч.