Американецот од Блокотехна најдобар играч во БИБЛ

320

Двејн Бенџамин еден од двајцата интернационалци од САД во редовите на Блокотехна е најдобар кошаркар во досегашниот дел од регионалната БИБЛ лига.

Крилниот играч на клубот од Гевгелија во досегашниот дел од сезоната, заклучно календарската 2017 година е најдобар поентер со 22.9 поени по меч. Притоа има и најдобар ефект од 24.9 индекс поени.

Интересно, на третото и четвртото место според ефектот се уште двајца кошаркари на Блокотехна, Антон Казарновски и Данило Мијатовиќ кои имаат 21 индекс поени.