Ал Атија до втора етапна победа на Дакар – „Мини“ од малер во малер

231

Насер Ал Атија, возачот од Катар стигна и до втората етапна победа откако славеше и на третата делница од годинешното издание на релито Дакар во конкуренција на автомобили.

За Катарецот кој вози Тојота, иако ова беше втора етапна победа, сепак тој не се наоѓа на челното место на генералниот пласман кое сега е резервирано за Стефан Петерхансел од Пежо кој на денешната етапа заврши на второт место.

Нов голем малер доживеа тимот на „Мини“ откако Хирвонен налета на огромни проблеми денес, запирајќи за поправки и губејќи преку час и половина. Претходните денови крај на релито иако е само почеток беше и за неговите клупски колеги Јазид Ал Рајхи и Брајс Мензис.

Во конкуренција на мотори, до победата стигна актуелниот бранител на титулата Сем Сандерленд кој се врати во водство во генералниот пласман.