Алфа Ромео ги откри возачите за кам-бекот во Формула 1

1376

Новиот тим во Ф1 циркусот ги претстави своите возачи за следната сезона.

Алфа Ромео Заубер соопшти денеска дека Шари Леклер и Маркус Ериксон ќе бидат возачи на овој тим во следната сезона од Формула 1.

Леклер, кој наполни 20 години во октомври, стана најмладиот шампион во Формула 2 минатата сезона, додека Ериксон е дел од Заубер од 2015. година. Негов најдобар пласман беше осмото место кое го освои во првата трка за овој тим.

Трет возач на екипата ќе биде Антонио Џовинаци.

Италијанскиот бренд Алфа Ромео се враќа во Формула 1 по повеќе од 30 години отсуство.

Алфа Ромео последен пат учествуваше во Формула 1 во 1985. година, а со Заубер потпише повеќегодишен споразум за техничко и комерцијално партнерство.