Алиоски е на цена: Македонскиот репрезентативец замена за Марез во Лестер!?

3009

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски, се повеќе добива на внимание и цена со своите игри во швајцарското првенство, па така интересот за неговиот потпис се зголемува од ден на ден како што се наближува летниот преоден рок.

Алиоски игра во фантастична форма во Швајцарија во дресот на Лугано, со оглед на тоа дека е втор на листата на стрелците со 16 гола и 14 асистенции, тој е привлечен за клубови од најголемите лиги во Европа.

Откако стана јасно дека за него интерес има од Херта, Борусија Менхенгладбах и Аталанта, во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека за него заинтересирани се и Борусија Дортмунд и Хофенхајм, денеска се појавија информации дека игрите на Алиоски ги следат и од Лестер, ланската сензација во Премиер лигата и сега веќе поранешен шампион на Англија!

Оваа вест ја објавува локалниот „Лестер Меркјури“ кој најавува дека десното крило на Лугано и македонската репрезентација е сериозен кандидат за замена на Ријад Марез, ланскиот најдобар играч во Премиер лигата!

Во описот, „Лестер Меркјури“ пишува дека Алиоски игра на десната страна од средниот ред и нападот, препознатлив по тоа што често влегува кон средината со цел да биде конкретна закана кон противничкиот гол со својата лева нога.

Алиоски сезонава постигна 16 гола и има 14 асистенции, и тоа само една сезона откако беше префрлен на десно крило од лев бек.

Според „Лестер Меркјури“, неговиот стил на игра е многу сличен со оној на Марез, кој пак, е мета на голем број европски клубови.

Летово со сигурност ќе има голема трансфер бомба во режија на македонскиот репрезентативец, прашање е каде ќе заврши, но јасно е дека тоа ќе биде во некоја од петте најсилни европски лиги.

loading...