Алиоски во својата прва изјава како играч на Лидс: Секогаш сонував да играм во Англија (ВИДЕО)

1699

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски од синоќа е играч на Лидс Јунајтед.

Тој потпиша четиригодишен договор со поранешниот премиерлигаш и веднаш ја даде првата изјава како член на Лидс.

“Ова е голем клуб, со голема историја. Прекрасно е што сум тука, секогаш сонував да играм во Англија”, рече 25-годишниот крилен играч.

Лидс Јунајтед е прв клуб за Алиоски надвор од Швајцарија. Во досегашниот дел од кариерата играше за Јанг Бојс, Шафхаузен и Лугано.