Албанците подготвуваат „бомба“ за Македонија: Пипо Инзаги нов селектор?

1196

Албанија испрати понуда на адресата на славниот голгетер.

Нашите соседи активираа „бомба“, сега само се очекува „експлозијата“ од Тирана! Раководството на Фудбалската федерација на Албанија сака на селкторската функција во репрезентацијата да го види легендарниот напаѓач на Милан и Италија Филипо Пипо Инзаги.

Селекторската клупа остана изпразнета откако Џани Де Бјази си поднесе оставка, оставајќи простор за новиот селектор да го подготви тимот за следниот квалификациски циклус.

По пребогатата играчка кариера Филипо Инзаги се посвети на тренерската работа. Моментално го предводи членот на Серија Б екипата на Венеција, а пред тоа работеше со помладите категории на Милан. Доби шанса да го предводи и првиот тим на „Росонерите“.

Наводно, Албанците му испратиле понуда на Инзаги и сега чекаат да видат дали некогашниот расен голгетер е подготвен да го напушти италијанскиот фудбал и да се посвети на селекторската работа.

Албанија практично ги загуби сите шанси да се пласира на Светското првенство во Русија бидејќи има седум бодови заостанување зад неприкосновените Шпанија и Италија во нашата квалификациска група.

Инаку, Албанија треба да гостува во Македонија во рамки на квалификациите во групата Г на 5. септември, па нашата публика ќе има шанса да го види Инзаги како убедливо најголема ѕвезда на репрезентацијата на нашиот западен сосед.