Ако го минат Порто, Клоп верува дека можат да го добијат и елиминираат силниот ПСЖ а еве и како..

896

Ливерпул по подолг период е дел од нокаут фазата во ЛШ, скоро една деценија откако последен пат славеа во едно ЛШ финале.

Нивниот тренер Јирген Клоп верува дека има доволно компактна екипа за да го победат силниот ПСЖ, кој вечерва му гостува на европскиот шампион Реал Мадрид.

Ова е само трет пат за Ливерпул што се квалификуваше во ова натпреварување по 2009 година, па затоа и нивната самодоверба расте и оди до таму што веруваат дека ПСЖ би била лесна пречка за нив.

Веројатно Сити е најсилната екипа во Европа во моментов. Но и ние сме добри и можеме да се носиме со повеќе екипи. ПСЖ е една од екипите кои исто така е добра на европска сцена, јас верувам дека ние имаме квалитет да ги добиеме во ЛШ. Доколку ги добиеме понатаму во ЛШ, ќе ги добиеме навистина“, смета Клоп.

Ливерпул во елиминационата фаза ќе игра против Порто, па доколку го елиминираат, можеби желбата на Клоп ќе стане реалност доколку ПСЖ го скокне Реал Мадрид.