Адеми со нови проблеми – тренингот го напушти со солзи во очите

2057

Динамо Загреб со гол во 90. минута го совлада Славен Белупо со 1-0 и на тој начин се одлепи на врвот со 10 бода повеќе во однос на второпласираниот Осијек. Вечерва во составот изненадувачки го немаше капитенот на тимот и наш репрезентативец, Аријан Адеми.

Тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ по мечот на ги откри причини за ова.

„Адеми вчерашниот тренинг го напушти со созли во очите поради болки во скочниот зглоб, тое покажува како се живее за клубот“, изјави Цвитановиќ.

Се уште не е познато од каков вид е повредата и дали и колку време Адеми ќе мора да паузира.