АВ Охрид со пораз ја стартуваше сезоната во АБА 2

417

Македонскиот претставник во втората АБА кошаркарска лига, АВ Охрид, загуби на домашен терен од екипата на Борац Чачак со убедливи 82:62 и со убедлив пораз ја отвори сезоната во новоформираното натпреварување.

Во салата „Билјанини извори“ АВ Охрид не успеа да го спречи налетот на српската екипа, иако резултатски беа конкурентни во првото полувреме. Првата четвртина ја стартуваа во мал грч, но потоа избраниците на тренерот Петар Чочороски влегоа во добар ритам, па го поправија впечатокот. Сепак, на полувреме се замина со 41:33 во корист на гостите.

Во второто полувреме Охрид дојде до ситуација и да поведе на натпреварот, но Борец со брутална серија од 13:0 ги разреши дилемите на натпреварот, па по завршувањето на трите четвртини, екипата од Чачак веќе имаше предност од 61:51. Борац во последната четвртина не си дозволи никакви проблеми, го контролираше резултатот и натперварот, па на крајот дојде до убедлива победа од 20 поени разлика.

Кај охриѓани најефикасен беше Реми Бери со 21 поен, додека Кенет Рос заврши со 13 поени. Кај гостите се истакна Марко Стојадиновиќ со 21 поен и 12 скока.