АБА им пресуди на „соколите“ – пет години суспензија

774

Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи, нема да може во следните пет години да учествува во ниту едно натпреварување кое спаѓа во организацијата на Јадранската кошаркарска асоцијација.

Според официјалниот правилник на АБА лигата, за минатата сезона, Карпош прво беше парично казнет, па управата на тој клуб мораше да издвои 12.000 евра. Причина за таквата одлука беа неодговорните изјави на претседателот на клубот, Огњен Дедиќ, кој што според АБА лигата, го извалкал угледот на првенството.

„Поради сериозноста на пристапот, клубовите од АБА донесоа одлука дека екипата на Карпош Соколи треба да добие казна, во висина од пет години забрана за играње во сите натпреварувања“, стои во дел од соопштението на АБА лигата.